Повеќе од една третина од македонските бизнисмени живеат од трговија. Според најновиот статистички извештај 25.429 од активните деловни субјекти во државата, или 35.7% од вкупниот број се во секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и моторцикли. Секоја десетта фирма, пак е во преработувачката индустрија. Во овој сектор се регистрирани вкупно 7.918 субјекти кои лани биле активни, додека убедливо најмал број компании делувале во секторите рударството и вадење камен и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Во овие два сектора се само по 0,2% од вкупниот број активни фирми. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најбројни се микро и малите претпријатија.
Повеќе од една третина од македонските бизнисмени живеат од трговија. Според најновиот статистички извештај 25.429 од активните деловни субјекти во државата, или 35.7% од вкупниот број се во секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и моторцикли.
Секоја десетта фирма, пак е во преработувачката индустрија. Во овој сектор се регистрирани вкупно 7.918 субјекти кои лани биле активни, додека убедливо најмал број компании делувале во секторите рударството и вадење камен и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Во овие два сектора се само по 0,2% од вкупниот број активни фирми.
Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најбројни се микро и малите претпријатија. Или, со еден до девет вработени на пазарот егзистираат 85% од деловните субјекти. Потоа, со застапеност од 6,2% следат компаниите без или со неутврден број вработени, а големи фирми со над 250 вработени се само 0,3% од вкупниот број.
Иако во трговскиот регистар се впишани вкупно 103.000 фирми, според последните проценки на ДЗС за активни може да се сметаат само 71.290 од нив. Најдоцна до крајот на годинава и трговскиот регистар треба да го дава само бројот на фирмите кои навистина работат, зашто во Централниот регистар веќе една година во тек е постапка за бришење на компаниите кои подолго време немаат никаква активност на пазарот. Според директорот на Централниот регистар на Македонија, Ванчо Костадиновски под лупата на Управата за јавни приходи е активноста на 37.000 компании. Од нив како неактивни веќе се избришани 4.000, а истото ќе се случи и со останатите над 30 илјади за кои има сознанија дека непотребно го оптоваруваат трговскиот регистар, зашто или се со почната, па незавршена регистрација, или три години по ред не поднеле годишни биланси, или пак имаат празни сметки. Бришење им се заканува и на фирмите кои се водат во Агенцијата за блокирани сметки.
Евиденцијата на Централниот регистар укажува на тоа дека не е лесно да се одржи еден бизнис. Лани се отворени околу 6.500 нови фирми, а поради неуспешност во вообичаена процедура затворени се 3.750. Овие бројки, иако се вклопуваат во светските стандарди се доказ дека не може секој да плива во бизнис водите. Народна банка на Македонија во прилог на ова дава уште еден податок. Во пораст е бројот на блокирани сметки на фирмите. Минатиот месец е завршен со 64.476 блокирани сметки, што е за околу 1.000 повеќе отколку во месецот пред тоа. За илустрација, 2012 година е завршена со 61.515 блокирани сметки на форми.
Блокирана сметка - кошмар и за граѓаните
Нотари, извршители и други надлежни институции постојано атакуваат на сметките на граѓаните за наплата на стари сметки за струја, вода, телефон, парно, радиодифузна такса. Во јануари годинава е регистриран рекорден број на блокирани сметки на граѓани, дури 142.607, што е за над 30.000 повеќе во однос на декември лани. Во 2012 година, на пример, имало близу 84.000 блокирани сметки на граѓани.
Првата регистрирана блокирана сметка на физичко лице е во 2006 година, кога била и единствена. Таа година се воведе присилната наплата преку извршители. Следната, 2007 година се блокирани 29, една година подоцна близу пет илјади, додека во 2009 година веќе имало над 20.000 блокирани сметки на граѓани.